Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска, среда, 6. октомври, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Во Скопје максималната дневна темпаретаура ќе достигне до 20 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид и Битола 19, Крива Паланка 18, Берово 16, Кавадарци 21, Дојран 22.
Под влијание на влажна воздушна маса следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.