Променлива среда


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Оваа ноемвриска среда во Македонија претпладне носи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до Целзиусови 16 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени. Маврово 8, Охрид и Битола 13, Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 15, Дојран 16.

Утре и задутре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во сабота продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.