Променлива и нестабилна недела


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, недела, 12. јуни, времето во Македонија ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Индексот на сончево зрачење ќе достигне до 8.

Во Скопје времето ќе биде прoменливо облачно со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за град. Во вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.