Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето во понеделник и вторник ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови.
Повеќе врнежи се очекуваат во северните, а во вторник во западните делови од земјава. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува и ќе услови намалување на дневната температура.
Во Скопје температурите ќе се движат од 10 до 20 степени. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурата.