Променлив и облачен прв јунски ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Први јуни во Македонија носи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид 16, Битола 19, Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 22, Дојран 24.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно со локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 14 до 25 степени.