Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 Целзиусови степени. УБ индексот ќе биде 7.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.