Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За разлика од некогашното традиционално семејство денешната форма на уредување на семејствата значително се разликува. Семејството доживува голема преобразба во сите сфери на неговиот живот, а особено се истакнуваат промените во улогите на неговите членови.
Улогата на таткото се менува од аспект на неговиот статус и позицијата во семејството. Таткото од авторитарен управител на семејниот живот преминува во демократски карактер, кој станува рамноправен член на семејството подеднакво со жената. Таткото некогаш бил единствениот извор на приходи, но денес мажот ја дели таа улога со жената. Иако мажот некогаш бил исклучен од водење на домаќинството и домашните работи, како и грижата за децата, денес неговата улога во овој сегмент е сменета. Мажите сега се инволвирани во домаќинството, во уредувањето на домот и домашните работи.
Што се однесува на грижата за децата, денес татковците поминуваат повеќе време со нивните деца, ги воспитуваат, играат, се грижат за нив, што е спротивно на онаа традиционална фигура на ладен и незаинтересиран родител. Порано таткото одлучувал во името на децата, ја кроел нивната судбина, а денес таткото води дијалог со децата и заедно со нив по пат на договарање ја донесува одлуката за нивниот животен пат,
Улогата на мајката како жена-сопруга, мајка, вработена значајно се менува низ годините. Жената во современото време не е повеќе заробена во домашната сфера. Таа денес е вработена, еманципирана, кариеристка и постепено, но сигурно го завзема своето место не само во домот туку и во општеството. Таа денес има право на контрола врз својата репродуктивна способност, со заеднички договор со сопругот го планира потомството. Денешната жена е поавтономна, има свој авторитет, ги ужива истите права како и спротивниот пол. Одлуките за нејзиното образование, работно место, статус и положбата во домот и општеството и припаѓаат на неа самата.
Доколку во минатото наталитетот бил значајно поголем, денес состојбата е видно изменета. Децата повеќе не се извор на работна сила. Тие денес се плод на љубов, тие се центарот на семејниот универзум. Денес целото внимание на родителите е насочено кон задоволување на потребите и желбите на детето, вложување во образованието и инвестирање во неговото психичко, физичко и морално издигнување. За разлика од минатото денес децата многу порано го напуштаат домот и стануваат економски независни од своите родители.
Може да забележиме дека улогите на сите членови се менуваат. Семејството добива нов демократски облик, во кој се почитува и уважува секој член. Денес семејството се обидува да обезбеди се што е потребно за своите членови. Во ваквиот модерен, демократски стил на семејства особена важност се одава на многу аспекти како на пример интимноста, блискоста, довербата, автономноста на секој член, љубовта.
Семејството е гнездото кое е секогаш подготвено да не прими, да не врегрне, да не засолни од олујата, тоа е нашата сигурност.
Извадок од списанието на студентите од Институтот за семејни студии – „VOX“
Амра Талевиќ,
Студент на Институтот за семејни студии, Филозофски факултет