Home Живот и здравје Пролетта ја носи маслачката на трпезата

Пролетта ја носи маслачката на трпезата

Пролетта го носи маслачокот на трпезата

Многу луѓе мислат дека маслачокот е само обичен плевел во градината, бидејќи не се запознаени со значајните здравствени придобивки од ова растение.

Маслачокот е раширен низ целиот свет, па секој може да ужива во неговата убавина и здравствените бенефити. Често се користи во салати и има повеќе протеини по порција отколку спанаќот. Листовите се богати со калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и манган, како и со витамините A, C, E, K, B1, B2 и B6. Коренот содржи калциум, железо, калиум, сулфур, силициум, магнезиум, фосфор и хлорофил.

1. Помага при кожни заболувања

Кожни проблеми предизвикани од габични или микробиолошки инфекции може да се третираат со млечниот сок од маслачок. Белата течност што се наоѓа во растението има бактерицидни, инсектицидни и фунгицидни својства, и е многу алкална. Сето ова го прави маслачокот ефикасен во борбата против егзема и други кожни осипи.

2. Добар е за дијабетес

Една од големите предности на маслачокот е што го стимулира панкреасот да произведува инсулин. Поради природните диуретички својства, тој предизвикува почесто мокрење, што помага во исфрлање на вишокот шеќер од организмот и го намалува задржувањето на шеќерот во бубрезите.

3. Помага во борбата против рак

Древната традиционална медицина одамна ги познава здравствените придобивки од маслачокот. Една од најзначајните е што има антиканцерогени својства и се покажал како ефикасен во третманот на рак на дојка и простата. Истражувањата покажуваат дека коренот има големо влијание врз клетките од меланом кои се отпорни на хемотерапија, без да ги оштети здравите клетки.

4. Добар е за здравјето на коските

Бидејќи е богат со калциум, маслачокот придонесува за растот и јачината на коските. Исто така, содржи високи концентрации на антиоксиданси како што се витамин C и лутеолин, кои ги штитат коските од штетни слободни радикали што можат да предизвикаат ослабување на коските, загуба на густина и предвремено стареење.

5. Го подобрува функционирањето на црниот дроб

Маслачокот го стимулира црниот дроб на природен начин и го подобрува варењето. Хемиските соединенија што се во него ги елиминираат токсините од телото и помагаат во повторно воспоставување на хидратацијата. Не се препорачува да се јаде цветот од маслачок, но доколку додадете малку од листовите во зелена салата, нема многу да го почувствувате вкусот, а сепак ќе ги апсорбирате сите негови квалитети.

6. Го подобрува општото здравје

Маслачокот има благ ефект на стимулирање на апетитот, па ако се обидувате да ослабете, можеби треба да го избегнувате. Но, ако сакате да го подобрите варењето, тогаш маслачокот е вистинскиот избор.

7. Добар е за уринарното здравје

Поради своите диуретички својства, маслачокот е корисен за здравјето на уринарниот систем. Да, точно е!

Ако се одлучите да ги искористите овие неверојатни карактеристики на маслачокот, задолжително направете мало истражување и научете како правилно да го користите. Консултирајте се со својот лекар дали е безбедно да го вклучите во вашата исхрана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали е време да направите пауза од кафе и да го замените со какао?

Дали е време да направите пауза од кафето и да го замените со какао? Неговите придобивки з…