Advertisements
Актуелно

Пролетно време среде зима

Денес во Македонија времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југозападен ветер, носејќи вистински пролетни услови среде зима.

Утринската температура ќе биде во интервал од минус шест до нула степени, а дневната максимална ќе достигне 16 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време, со утринска температура од три степени под нулата и дневна максимална од 13 степени Целзиусови.

Утре претпладне времето ќе биде умерено облачно, преку денот со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег. Утринската темепартура ќе биде од минус два до четири степени, а дневната од 10 до 16 степени.

Во наредните два дена ќе следи заладување со пад на дневните температуратури.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува засилен северен ветер и максимална дневна температура до девет степени.

В среда слично време, променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Локално ќе провејува слаб снег, а дневната максимална температура ќе се симне на шест степени.

Advertisements
To Top