Home Актуелно Пролетно топол четврток со температури до 20 степени

Пролетно топол четврток со температури до 20 степени

Првиот мартовски четврток времето во Македонија ќе биде топло и сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, во источните од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 3, а дневната од 14 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег, особено во западните и северните делови. Во сабота ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…