Пролетно-летни температури во ноември


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наместо ноемвриските денови во пол ек да ја распостелат есенската атмосфера и временски услови, претпоследниот месец во календарската година ќе донесе вистинско изненадување за граѓаните.

Како шо најавија од УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Се очекуваат температури во интервал од 22 до 28 степени, а во централните и во југоисточните делови на Македонија, тие ќе се искачат до 30 степени.

Атмосферата ќе биде исполнета со прашина и со песок од Сахара, и токму ова ќе услови и невообичаено високи температури на воздухот. Со ваква прогноза излезе метеорологот Славчо Попоски.

Денеска во западните и северните делови на земјава ќе има услови за повремен локален дожд. Локална дестабилизација со услови за дожд се очекува и утре.

Брзината на ветерот од јужен правец ќе се засилува се очекува да достигнува до околу 60 километри на час.

Во текот на следната недела дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени.