Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Црвени и насолзени очи, повторувачкото кивавање без прекин – дојде периодот од годината кога пролетните алергии земаат замав и со тоа дополнително ја зголемуваат грижата кај граѓаните каде да се обратат во вонредена состојба воспоставена и во болниците.
Симпотимите на алергија донеса страв и паника кај граѓаните дали станува збор за симптоми исти со Ковид 19.
Од Клиниката за пулмологија и алергологија објаснуваат дека се уште не функционира системот „Мој термин„ и немаат термини за прегледи. Граѓаните кои имаат проблеми со алергија да се консултираат со матичните доктори и за терапија. Препораките важат и за граѓаните кои имаат симптоми на алергија, но и зголемена температура, веднаш да се јават кај матичните за упатување за тестирање.
На клиниката засега се примаат само тешко хронично болните и пациентите кои имаат малигни заболувања.
Во овој период според календарот за алергии акутелни се алергиите на полен од трева, а наредни се алергиите кон крајот на мај со цветањето на липите.