Home Актуелно Пролетни температури во февруари

Пролетни температури во февруари

Четвртиот февруарски ден во Македонија носи сончево време со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Дневните температури ќе се движат од 11 Целзиусови степени во Маврово, 12 во Охрид, до 15 vо Скопје и Берово, 16 во Битола и Крива Паланка, 18 во Кавадарци и 20 во Дојран.

И за утре прогнозата за времето е сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе достигнат од 12 до 20 Целзиусови степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…