Проколнатите батерии од Galaxy Note 7 ја запалија и фабриката на Samsung (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако Samsung го повлече Galaxy Note 7 од пазарот поради батерии што предизвикуваат оган, во воздух се крена и фабриката која ги произведува овие батерии.

Фабриката која ги произведуваше контроверзните батерии за популарниот мобилен телефон Galaxy Note 7, денес ја зафати жесток пожар. За среќа, нема човечки жртви, а причините за пожарот сè уште се утврдуваат.

Во операцијата за негово гаснење учествувале 19 противпожарни возила и околу 110 пожарникари. Пожарот избил токму во делот кадешто се сместени батериите.