Проклетството на дресот со култниот број 7 од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога ќе се споменат името на фудбалскиот гигант Манчестер Јунајтед и бројот 7, веднаш на ум доаѓаат престиж, слава, успех, чест, фудбалска големина. Тоа е така затоа што бројот 7 во Манчестер Јунајтед е повеќе од број.

За разлика од најголемиот број фудбалски клубови во кои најпочитувана е десетката, на „Олд Трафорд“ култна е седмицата и таа ја носеа само посебни играчи. Џорџ Веа, Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам, Кристиано Роналдо и… Приказната за славната „седумка“ тука запира.

Португалецот помина шест години во клубот од „Олд Трафорд“ и во 196 настапи во Премиер лигата постигна 84 гола, а најмногу постигна во сезоната 2007/2008, дури 31. Откако во летото 2009 година премина во Мадрид сите играчи кои ја носеа прославата седмица баш и не се прославија.

Мајкл Овен, Антонио Валенсија, Анхел Ди Марија, Мемфис Депај и Алексис Санчез сите играчи со овој број на грбот во изминатите десет години постигнаа само 15 лигашки голови.

Овен бесплатно пристигна кога Роналдо замина и на „Олд Трафорд“ остана три сезони и постигна пет голови во Премиер лигата и уште 12 во сите натпреварувања.

Потоа тој дрес го носеше Антонио Валенсија која прво играше со дресот со број 25, а потоа во сезоната 2012/2013 играше со бројот 7 и постигна само еден гол во сите натпреварувања. Веднаш му беше одземена и вратен му беше стариот број.

Во сезоната 2013/2014 никој не го носеше култниот дрес, а потоа Анхел Ди Марија пристигна од Реал Мадрид и го зема тој број, постигна три гола пред да премине во ПСЖ.

Потоа дојде Мемфис Депај кој некои го нарекуваа новиот Роналдо, но Холанѓанецот беше далеку од класата од Португалецот и постигна само два лигашки гола. Последен седмицата ја носеше Алексис Санчез, но и тој не се покажа – само три првенствени гола во дресот на Јунајтед.

За споредба, Роналдо во истиот период самиот постигна 332 гола.