Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полициската надзорна камера во едно службено возило сними возач на BMW како ја престигнува полициската кола возејќи со 190 км/час, брзина целосно неприлагодена на патот по кој возел, продолжувајќи да „гази“ со уште поголема брзина.
BMW 3 е снименo од необележано полициско возило што во голема мерка може да го објасни несовесниот потег на возачот. Полицијата го снимала додека возел со брзина од 158 км на час, а возачот продолжил да зголемува до 190 км на час кога полицијата го изгубила од вид.
Тие тргнале во потрага и, благодарение на информациите добиени од локалното население, брзо го пронашле. BMW –то го завршило своето дивеење во сообраќајна несреќа со Audi A8 во Егихазашеје, западно од Будимпешта.
Судејќи според фотографиите за штетата, може да се заклучи дека возачот на BMW изгубил контрола над возилото поради прекумерна брзина и удрил во Audi што доаѓало од спротивната насока.