Advertisements
Авто мото

Производството на батерии за електрични автомобили ќе предизвика еколошка катастрофа

Врвни британски научни и технолошки експерти тврдат дека, како што тргнала работата, доколку целосно се исполни замислата и визијата за замена на класичните автомобили со електрични возила во оваа земја, само за задоволување на потребите за електричните батерии во Британија, би се исцрпиле светските резерви на минерали, што би резултирало со екoлошка катастрофа.

Група научници писмено се обратиле до британската комисија за климатски промени, која е независна законска институција со предупредување на големите импликации за светските природни ресурси, бидејќи Британија сака што побрзо префрлување на електрични автомобили.

Според сегашниот план, до 2050 во Британија треба да има 31,5 милиони електрични автомобили. Според ова сценарио, научниците утврдиле дека само за ови потреби на Британија ќе има двојно поголема побарувачка на кобалт од сегашната глобална потрошувачка.

 

Доколку се користат сегашните батерии за електричмни автомобили (80 проценти никел, 10 кобалт и 10 манган) , само Британија би го потрошила глобалното производство на неодимиум, три четвртини на литиумот и половина од светското производство на бакар.

Во дописот потпишан од осуммина водечки научници, вклучително и професорот Ричард Харингтон, раководител на британскиот Природно-научен музеј во Лондон, за производство само на батериите за возилата што би возеле во Британија, би се потрошиле 207.900 тони кобалт, 264.600 тони литиумов карбонат, најмалку 7.200 тони неодимиум и 2.362.500 тони бакар.

Ваквите енормни потреби, кога би се подмириле само за британскиот пазар, би довеле до исцрпување на светските ресурси на овие елементи, што би значело нова еколошка катастрофа.

Advertisements

Најпопуларно

To Top