Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат како земјоделци, оризопроизводителите барат средби со надлежните институции и лица. За утре најавија и протест со кој ќе го блокираат патот Штип-Кочани .
Причината за протестот е исплатата на субвенциите. Оризопроизводителите бараат таа да се исплати пред да почне сеидбата, а дел од барањата се и повисоки цени за откупот на оризовата арпа и белиот ориз, но побараа и навремено чистење на каналите и пуштање на водата за наводнување.
Од друга страна, премиерот им одговори дека е запознаен со нивното незадоволсто но и дека се работи на проблемот за исплата на субвенциите.
Доколку не се најде компромис за овој проблем, производителите на ориз се закануваат со блокирање на патот Штип-Кочани секој втор ден.