Прогонувач ја задави манекенката на „Викторија Сикрет“ и „Плејбој зајачица“ (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Убавицата која позираше за „Викторија сикрет“, но и „Плејбој“ е пронајдена задавена.

Кристина Карлон- Крафт е пронајдена мртва во својот стан во Ардмор, во американската држава Пенсилванија. Полицијата го повика нејзиното семејство, загрижени биле бидејќи таа не се јавила неколку дена, и потоа ја нашле мртва задавена на подот.

Само неколку дена претходно, полицијата била во нејзината куќа бидејќи „зајачицата“ пријавила дека е ограбена. Поради тоа нејзиното семејство изрази загриженост дека Кристина има прогонувач кого не го пријавила, кој прво ја ограбил, а потоа и ја задавил.

Кристина позираше за Викторија Сикрет, Плејбој, Венити фер, Максим, рекламираше долен веш и бикини.

Освен со моделинг, таа се занимавала и со дизајнирање на ентериер. Полицијата спроведе истрага за овој случај, и се уште нема осомничени.