Прогноза: Златото до крајот на 2019 ќе достигне цена од 1.400 долари за унца


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според експертските прогнози, од крајот на тековната 2019 година цената на златото се очекува да достигне сума од 1.400 долари за унца. Тоа би било резултат на помалку агресивната политика на Федералните резерви на САД (ФЕД) со каматните стапки и долгорочната глобална неизвесност, проценуваат експертите за овој скапоцен метал, пренесува Денар.

Цената на златото утрово се движела околу 1.286,6 американски долари за унца, според CNBC.

Мартин Хаксли од сингапурската компанија “FCStoun INTL”, покажува дека цените на златото долго се движеле помеѓу 1.217-1.330 долари, но тоа може да се промени.

“Очекуваме дека златото ќе продолжи да се тргува во овој опсег во наредните месеци. Но, во втората половина на годината, можеме да очекуваме дека цената ќе се зголеми и ќе достигне 1.400 долари до крајот на годинава”, додаде тој.

Централните банки ширум светот купуваа злато во количини кои не се видени во последните 50 години, како диверзификација на резервите и отстранување на некои валути, вклучувајќи го и американскиот долар, пренесува CNBC.

Загриженоста за глобалната економија и геополитичките прашања, вклучувајќи ја трговската војна меѓу САД и Кина, придонесе за зголемување на неизвесноста, која често оди “на рака” на златото, што се смета за “безбеден рај” или средство кое има тенденција да ја задржи или зголеми неговата вредност, дури и за време на турбуленции на пазарот.