Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Уште во текот на среда вечер низ дел од котлините, пред се на југот на Пелагонија е формирана магла. Таквиот тренд на локална појава на котлинска магла ќе продолжи и во четврток наутро.
Утрото освен магловито по колините, ќе биде и малку студено, со минимална температура која генерално ќе има вредности помеѓу минус 6 и минус 2 Целзиусови.
Во текот на денот од запад ќе има приближување на облачна маса, оја веќе попладне ќе го прекрие поголемиот дел од македонското небо.
Температурата ќе достигне вредности помеѓу 5 и 7 степени во поголем дел од котлините, додека на југоисток истата за 1 до 2 степени ќе ја надмине границата од 10 Целзиусови.
Скопскиот крај наутро го очекува појава на слаба магла. Претпладне ќе биде умерено, а попладне претежно облачно. Дневното температурано колебање ќе биде од минимални минус 5 до максимални 6 степени.