Прогноза за последниот јануарски ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По се изгледа дека овој вторник, воедно и последен ден од годинешниов јануари, е последниот ден кој од оваа долга серија на студени денови и двоцифрена негативна вредност на минималната температура низ земјава.

Денот повторно ќе измеине во претежно облачно време во поголем дел од котлините, посончево на повисоките места во источниот крај, додека на планините  во северозападниот крај ќе има шанса за провејување на слаб снег.

Температурата во текот на денот ќе има врености во дијапазонот помеѓу 2 и 5 степени речиси низ сите котлини, додека на југоисток максималната температура нема да надмине 6 степени.

Скопскиот крај утрово ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Денот ќе измине  со краткотрајни сончеви периоди. Максималната температура нема да надмине 3 степени.

Затоплувањето ќе продолжи и во наредните денови. Ќе има постепен пораст на вредостите и на минималната и на максималната температура.

Веќе во првите 2 до 3 дена од февруари очекуваме во југоисточните краишта да нема појава на негативна темпераура, а максималната за малку ќе надмине над 10 степени во споменатиот крај. Овие денови очекуваме претежно облачно време.