Прогноза на УЕФА: Еве кој ќе ја освои Лигата на шампиони!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред почетокот на елиминациската фаза на Лигата на шампиони, УЕФА на база на статистички анализи прогнозираше кој ќе биде победникот на најелитното натпреварување во Европа.

Пронозата на УЕФА е направена на база на статистички анализи и заклучено е дека Барселона ќе триумфораа оваа година во финалето кое на 3-ти јуни ќе се игра во Кардиф.

Дека оваа анализа навистина има смисла се покажа минатата година кога прогнозата беше дека Реал Мадрид ќе слави во финалето и токму тоа се случи. Ова се клучните заклучоци на анализата на УЕФА:

„Десет од последните единаесет победници ја завршија групната фаза на првото место. Единствен исклучок е Интер кој во сезоната 2009/10 заврши како второпласиран во групата, а на крајот стана европски шампион. Значи, лоша вест за ПСЖ, Бенфика, Манчестер Сити, Баерн, Леверкузен, Реал Мадрид, Порто и Севиља.

Екипата која примила најмалку голови во групната фаза не освоила ЛШ од 2003 година, но исто така и екипата која примила повеќе од 8 гола. Значи, лоши вести за Јувентус, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмуд, Бефика, Сити и Реал Мадрид.

Од кога се игра Лигата на шампиони тимот кој за прв пат ја поминува групната фаза никогаш не стигнал до финале. Виљареал беше најблиску во 2006 година, стигна до полуфинале. Значи, лоша вест за Лестер.

21 клуб ја освоиле Лигата на шампиони во првите 42 натпреварувања. Во последните 19 сезони им се приклучи само еден нов клуб кој стана шампион – Челзи. Значи, лоша вест за Арсенал, Ателтико, Лестер, Левекузен, Сити, Монако, Наполи, ПСЖ и Севиља.

Покрај сето ова ниту еден клуб сеуште не ја одбранил титулата во Лигата на шампиони. Значи, повторно лоша вест за Реал Мадрид.

Кога се ќе се собере и одземе, Барселона се чини најизгледна опција, заклучува УЕФА. Но и кај Барса постои едно „но“… на Каталонците не им одговара еден статистички податок – во последните пет сезони никој не ја освоил ЛШ кој во сезоната влегол како актуелен освојувач на националната лига.