Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистичките прогнози на Светска банка, македонската и црногорската економија ќе бидат најслабите економии во рамки на нашиот регион.
Според проценките на Светска банка, реалниот раст на македонската економиј не е толку оптимистички, ќе достигне до 2,9% од БДП, за разлика од владините проекции од 3,2%, пренесува Телевизија 24.
Нашите соседи Албанија и Србија, но и Босна и Херцеговина го намалија јавниот долг, а кај нас тој се зголемува и годинава ќе достигне до фантастични 53,4% од БДП. Но од Светска банка се уверени дека тоа ќе биде привремено и нема да трае долго, но и дека е добро тоа што Владата не ги потрошила парите од последната еврообврзница.
Владата да внимава како ги дели субвенциите, а новото зголемување на минималната плата што го најави Заев, според Светска банка, ќе ја погоди текстилната индустрија.
Светска банка забележува и дека продуктивноста на македонските работници заостанува зад земјите во регионот. Невработеноста се намалува, но половина од работоспособното население со години е неактивно.
– „Има многу млади луѓе коишто денгубат и не се вклучени ниту во некаква обука ниту на пазарот на трудот. Продуктивните години им се изгубени. Во просек 24 години кај мажите се губат во смила на тоа што луѓето се неактивни, односно надвор од работната сила. И ако направима споредба со земјте во регионот, навистина тоа се многу години.“ – изјави Сања Маџаревиќ Шустер, Светска банка.
Светска банка препорачува државата да ја зголеми соработката меѓу странските директни инвестиции и локалните компании коишто, пак, треба да работат по европски стандарди. Извозот од овие иневстиции има позитивен придонес кон растот на економијата.
Годинава најголем раст на економијата ќе има Косово, со 4,4%. Потоа Албанија 3,8%, Србија со 3,5% и Босна и Херцеговина ќе има раст од 3,4%.