Home Актуелно Прогласена епидемија на мали сипаници на државно ниво

Прогласена епидемија на мали сипаници на државно ниво

Од Центарот за јавно здравје на Република Северна Македонија известуваат дека на државно ниво е прогласена епидемија на мали сипаници.

Причината за ваквата одлука на Kомисијата за заразни болести при Министерство за здравство е дека бројот на евидентирани заболени од морбили од почетокот на годинава изнесува 961.

Дополнително веќе 6 центри за јавно здравје имаат прогласено епидемија на мали сипаници, а евидентирани се морбили во 20 градови. Прогласувањето на епидемијата е со цел спроведување на дополнителни мерки како забрана на посета на невакцинирани деца во градинки на ниво на цела држава.

Епидемиологот д-р Владимир Микиќ вели дека не можат да ја воведат истата забрана за училишта затоа што според законот основното и средното образование е задолжително. Најмногу заболени се деца на претшколска возраст и затоа како мерка на ниво на цела држава ќе се симне границата за вакцинирање од 13 месечни бебиња на 6 месечни бебиња.

Според податоците на Центарот за јавно здравје околу сто доенчиња на возраст помали од една година заболеле од мали сипаници. Во моментов хоспитализирани се 55 деца на инфективната клиника и 15 на педијатрија од кои 7 се во тешка здравствена состојба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…