Вебкафе

Професорката ѝ рече дека e отфазла разголена – студентката ѝ покажа што е голотија

Студентката Летиција Каи на Универзитетот Корнел се раслече само по долна облека за време на презентацијата на еден семинар, откако професорката ја критикуваше дека носи прекратки панталончиња.

Летиција се разголе во саботата пред своите колеги студенти и универзитетските професори од престижниот универзитет, објаснувајќи дека на тоа ја поттикнала професорката Ребека Магор, која претходно таа недела, во текот на пробните презентации, ја критикувала Летиција дека носи фармерки прекратки за на факултет.

Снимката од раслекувањето Летиција ја објави на Фејсбук, како и описот на разговорот со професорката кој претходел на нејзиното разголување. Како што вели, носела сина кошула и искинати фармерки кои ја предизвикале критиката на професорката.

„Првото нешто кое ми го рече професорката беше Тоа ќе го носиш? Таа, бела жена, ми рече: Панталоните ти се прекратки. Професорката, пред цел амфитеатар, ми рече дека го одвлекувам вниманието на машките погледи од содржината на презентацијата врз моето тело. Ми рече дека испраќам порака со својата облека. Одговорив дека не планирам да ја сменам својата облека за таа или некој друг да се чувствуваат пријатно“, напиша Летиција.

Додаде дека еден машки студент на размена се сложил со професорката, после што Летиција одлучила да ја напушти салата. После тоа, професорката се приближила до Летиција и ја прашала што би рекла нејзината мајка на облеката која ја носи.

„Мојата мајка е феминистка, професорка на родови и сексуални студии. Таа нема проблем со моите кратки панталони“, одговори Летиција.

„Не им кажувам на моите студенти што да носат, ниту им дефинирам што е прифатлива облека. Едноставно ги замолувам да размилат и да донесат своја одлука“, изјави Магор за Cornell Sun.

После тоа, 11 од вкупно 14-те студенти кои биле присутни на пробната презентација, објавија заедничко соопштение во кое објаснија дека професорката погрешно се изразила, но дека само сакала да го нагласи „професионализмот и неговата важност во одредени јавни ситуации“. Тројцата студенти кои не го потпишале тоа соопштение биле Летиција, еден студент на размена и еден кој не бил присутен на настава.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top