Професорката Елка Јачева- Улчар: Со договорот ќе се самоукинеме како Македонци!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатата професорка од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ напиша навистина емотивен статус на Фејсбук во кој наведе дека сега со договорот може комотно да си ги запали сите дипломи, статии и книги. Ви го објавуваме во целост:

Го прочитав Договорот. И колку што разбрав од него само ние Македонците:

– ќе бидеме единствен народ, чие јазично простирање ќе завршува на самоти државна граница;

– на југ (а богами и на исток и на запад) ќе немаме малцинство што зборува македонски;

– како проучувач на македонскиот јазик, веројатно, ќе бидам прогласена за субверзивен и непријателски елемент, кој ќе биде санкциониран од мојата власт, ако посакам да ги проучувам нашите југоисточни говори (така, барем, ги викавме кога се школував, пред 30 години);

– само ние Македонците за разлика од целиот свет ќе треба да не го спомнуваме Александар Велики, додека во цел свет тој се смета за светско културно наследство: роман Александар Велики, опера од Хендал „Александар Велики“… (Патем, кога е открена гробницата во Вергина, грчки историчари на уметност и археолози запишале: според артефактите пронајдени во оваа гробница, според поставеноста на гробовите во неа, како и според антропонимите запишани во неа – оваа гробница зборува за една друга култура различна од онаа што ја среќаваме по другите антички локалитети на територијата на Грција;

– само ние ќе треба да ги почитуваме ендонимите (читај грчките топоними) кои насилно биле наметнати врз словенските по Балканските војни;

– веројатно, ќе треба да се откажеме од четирите евангелија пишувани со грчко писмо на солунски, ениџевардарски, воденски и костурски говор во втората половина на 19 век;

– ќе треба да ги избришеме Граѓанската војна и егејскиот егзодус (кои, патем, и онака не се теми за кои многу се зборувало кај нас, а за во светот и да не зборуваме);

– ќе треба да ги ставиме во бункер „Црно семе“, „Рамна земја“, „Небеска Тимјановна“, „Големата вода“… ќе треба, веројатно, да се забрани и познатата студија на Макс Фасмер за словенските топоними во Грција (една книга што ми беше првата лектира која ја читав кога почнав да се занимавам со топономастика); ќе треба да се повлечат студиите од библиотеките во МАНУ, ИМЈ и НУБ за егејските говори; ќе треба да се повлече „Историјата на македонскиот јазик“ на Блаже Конески, и сето тоа со помош на комисија…

Каква иронија?!

На крајот, веројатно, ќе треба и да си ги спалам сите дипломи, статии, книги… по што конечно ќе се самоукинам како Македонка.
ПАТЕТИЧНА СУМ – ЗНАМ! АМА ЗНАМ ДЕКА И СЕКОЈА ЉУБОВ Е ПАТЕТИЧНА НА СВОЈ НАЧИН!