Професорката Ана Стојаноска од Факултетот за драмски уметности е нов уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешното собрание на МТФ „Војдан Чернодрински“ д-р Ана Стојаноска, театролог, професор, е избрана за нов уметнички директор на Фестивалот. Изборот доаѓа откако собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ констатира дека е изминат мандатот на досегашниот директор, актерката Катерина Коцевска Хаџавасилева. Стојаноска изјави дека му благодари на собранието на фестивалот за тоа што ја избраа.

– Се надевам дека ќе имаме одлична соработка со сите театри. Главниот мој фикус ќе биде создавање на фестивал според современите страндарди, фокусиран на домашната драма и новиот театар. Со сериозен концепт и можност да се види каков театар создаваме денес, со програми што ќе го „оживеат“ театарскиот сјај и со грижа за театарското наследство – изјави Стојаноска, по нејзиниот избор.

МТФ „Војдан Чернодрински“ по 57-ми пат ќе се одржи на почетокот на јуни следната година во Прилеп.