Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради секс со 14-годишен ученик, 32-годишна професорка е осудена на една година затворска казна.
Некогашната професорка во основно училиште од Охио, е прогласена за виновна поради сексот со 14-годишниот ученик, и е осудена на една година затвор со пет години условна, пишува Дејли Меил.
Свесна за своите одговорности
Судијата Тимоти О’Конел ја осуди во вторникот Џесика Лангфорд по трите обвиненија за сексуален напад, бидејќи во заклучена училница имала полови односи со 14-годишното момче.
Лангфорд, сопруга и мајка на едно дете, девет години предавала математика, се додека не си дала отказ во мај, по што се појавија наводи за половиот однос со ученикот. „Не минува ниту ден да не посакам да можам поинаку да направам некои работи. Знам дека сум потполно одговорна“, истакна обвинетата пред судот.
„Доверена и е грижа за децата и учениците, а таа сето тоа го отфрлила поради сексуално задоволување“, истакна таткото на жртвата, кој побара максимална казна, што би било 15 години зад решетки. Додаде дека неговиот син морал да минува низ стрес и ужас за време на судењата и дека другите професори, како и ученици почнале поинаку да го третраат.
Момчето подоцна сите поинаку го третирале
Жрвтата која сега има 15 години, раскажал како се одвивало се во последниот ден од школската година во заклучена училница во училиштето Мајамисбург.
„Почнавме да се бакнуваме, таа тргна со бакнежи и оттаму отиде и подалеку“, кажа тинејџерот. Момчето истакна дека тој и Лангфорд имале разни полови односи, вклучувајќи и оралез секс и тоа некои 20 до 30 минути, се додека директорот на улилиштето не затропал на вратата од заклучената училница.
Лангфорд како што се наведува на малолетникот му посичила да се скрие под клупа, додека таа заминала со директорот. Подоцна се вратила и му кажала на момчето да се придржува до приказната дека во училницата ги средувал клупите. „Се чувствував непријатно… мислев дека тоа е лошо“, истакна момчето. Во текот на претходните сведочења момчето истакна дека тој и Лангфорд се споиле преку Снапчат. Кога професорката го прашала зошто и испратил повик преку апликацијата, тој и одговорил дека сака да имаат секс.
Одбраната го преиспитуваше кредибилитетот на сведокот, со оглед на фактот дека изминатата пролет повеќепати негирал дека имал секс со професорката. Момчето објасни дека на почетокот лажел за нивниот однос од страв дека неговата девојка ќе се раздели од него поради неверство.