Професорка ја запали факултетската диплома пред Собрание: „Во ваков систем воопшто не ми треба“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Професорката по српски јазик Ена Недиќ ја запали својата факултетска диплома пред зградата од српското Народното собрание, во знак на протест што младите и образовани луѓе од нејзината земја немаат перспектива во татковината, додека на високи позиции се луѓе кои, според нејзините зборови, не го заслужуваат тоа.

„Јас сум Ена Недиќ, лиценциран професор по српски јазик. Со симболичен гест, во свое име и во име на сите млади луѓе кои ја напуштаат, сакам да се заблагодарам на оваа парадоксална држава. Многу се срамам. Се срамам во име на сите оние кои немаат срам“, рече таа, споменувајќи ги министрите и членовите на Владата кои се на функции „од сомнителни причини“.

„Се срамам што нашиот министер за надворешни работи српскиот јазик го зборува како да му е странски јазик. Министерот за одбрана е срам за секој чесен српски војник. Ми е срам што претседателот на Владата е изгласан поради својата сексуална ориентација, а не поради квалификациите. Се срамам што министерот за финансии и понатаму ги води финансиите на оваа држава со докажан фалсификат. И од уште многу работи се срамам“, изјави Недиќ, која потоа ја запали својата диплома.

Некој од насобраните дофрли „Не будали се, девојче“, на што таа одговори:

„Не сум девојче. Според статистиката од Вучиќ, јас сум млада со 36 години. Срам да ви е. Јас веќе треба да имам организиран живот, јас сум родител, мајка, просветен работник. Не сум младинка од Вучиќ. Не ми треба работа во ваков образовен систем“, заклучи Ена.