Професионален до крај: Спортски репортер VS прскалките на фудбалскиот терен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рускиот спортски репортер Евгениј Евневич се најде во прилично непријатна ситуација во вклучувањето во живо од еден фудбалски терен.

При вклучувањето на Евневич во живо за да извести од теренот за случувањата на фудбалскиот меч во рамки на руската Премиер лига, на фудбалскиот терен се активираа прскалките за тревата.

„Ќе бидам мокар поради активираните прскалки. Поради тоа ќе зборувам најбрзо што можам“, изјави новинарот.

Евгениј одлично се „бореше“ со млазот од прскалките и професионално ја одработи својата репортерска задача.

Видеото експресно стана хит на интернет токму поради неговиот професионализам.