Проекција на краткометражниот филм „И(с)згубени“ во Џебното кино во МКЦ – Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вечерва (вторник, 28.05.2019) со почеток во 19:00 ч. во Џебното кино во Младински Културен Центар – Скопје ќе се одржи проекција на краткометражниот филм „И(с)згубени“ во режија на Антонио Вељаноски и продукција на Story Scope Production во соработка со Studio FAMU.

По проекцијата, Гледај.мк (неформалниот колектив за театарска и филмска критика) организира дискусија со кинематограферот Владимир Димоски, композиторот Игор Василев Новоградска и продуцентката Елена Станишева.

Синопсис: „И(с)згубени“ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.