Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тешките и жестоки битки за контрола на источниот град Бахмут продолжија во и изминатиот ден, соопшти украинската војска на 22 мај.
Известувањето доаѓа во период кога руските сили тврдат дека градот кој беше епицентар на војната во источна Украина паднал во рацете на московските трупи, пренесува Слободна Европа.
Главните борбени операции во источна Украина останаа фокусирани на линијата на фронтот Бахмут-Авдијивка-Маринка во регионот Доњецк, каде што украинските сили одбија 37 руски напади во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на Генералштабот на украинската војска.
Руските сили извршија 52 ракетни и воздушни напади врз украински воени и цивилни цели подеднакво, соопшти војската.
Во јужниот дел на Днепропетровск, Русија изврши напад со беспилотно летало и ракетен напад рано на 22 мај, изјави регионалниот гувернер Серхиј Лисак, додавајќи дека сите 15 беспилотни летала и четири крстосувачки ракети биле соборени од украинската противвоздушна одбрана. Едно лице е полесно рането и причинета е одредена материјална штета, додаде Лисак.
Русија во текот на викендот тврдеше дека ја презела контролата врз Бахмут, но претседателот Володимир Зеленски и украинските команданти ја оспорија декларацијата, велејќи дека борбите сè уште продолжуваат во Бахмут, што го симболизира жестокиот отпор на Киев на илегалната и неиспровоцирана инвазија на Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на руските сили на 20 мај, откако руското Министерство за одбрана и шефот на платеничката група Вагнер, која беше во првите редови на нападот на Москва врз Бахмут, објавија дека го зазеле градот.
Зеленски, на состанокот со лидерите на Групата седум индустриски развиени земји во Хирошима, Јапонија на 21 мај, на разговори за дополнителна воена помош, одговори „не“ на прашањето на новинарите дали Русија го контролира градот. Сепак, се чинеше дека го минимизираше значењето на евентуалната загуба.
„Треба да разберете дека нема ништо во градот. Тие уништија сè. Бахмут од денес останува само место во нашите срца“, изјави тој, споредувајќи го неговото широко распространето уништување со она на Хирошима, по нуклеарната бомба за време на Втората светска војна.
Илустрација, нуклеарната централа Запорожје
ВИДЕТЕ И ОВА:
Нуклеарната централа Запорожје приклучена на резервни генератори
Во меѓувреме во рускиот окупиран дел на Украина, еден од руските функционери соопштија дека нуклеарната централа Запорожје е приклучена на резевните генератори за снабдување со електрична енергија во итни случаи. Централата беше принудена да работи на резервни генератори неколку пати по руската инвазија.
Украинската државна компанија за електрична енергија Енерхоатом соопшти дека нуклеарната централа Запорожје била погодена од прекин на електричната енергија, без да даде детали.
„Да, го имаме седмиот прекин на струја од почетокот на руската окупација“, одговори Енерхоатом за новинската агенција Ројтерс на 22 мај.