Продолжуваат руските напади во Украина – Мариупол е претворен во пекол


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украинските власти го отфрлија рускиот ултиматум според кој на жителите во опколениот град Мариупол – каде што се верува дека се заробени околу 300 000 луѓе им се нуди безбеден излез доколку градот се предаде. Рокот исече во 5 часот утрово по локално време.

Градоначалникот на Мариупол претходно изјави за Би-би-си дека не може да им се верува на хуманитарните ветувања на Москва, ветувајќи дека украинските сили ќе се борат и натаму.

Ситуацијата во градот, кој е опколен од руски војници и уништен од гранатирање, се опишува како „пекол на Земјата“ , бидејќи резервите од храна и лекови се при крај.

Жителите поголемиот дел од своето време го минуваат во засолништа и подруми додека продолжува нападот врз градот, од копно, воздух и море, велат властите.

Сликите покажуваат град во урнатини, со уништени цели населби . Градоначалникот, Вадим Бојченко минатата недела дека рече дека над 80% од станбените згради биле или оштетени или уништени, една третина од нив не можат да се поправаат.

Телата на загинатите се оставаат на улица бидејќи е премногу опасно да се отсранат и да се закопаат во масовни гробници, што е уште еден показател за ужасот таму.

Дури и руски генерал призна дека во градот се случува страшна хуманитарна катастрофа. Но, тој не призна дека неговите сопствени сили се одговорни за тоа.

Во текот на ноќта прдолжуваат нападите и врз други украински градови. Неколку силни експлозии се пријавени од Киев, каде што властите вчера соопштија дека биле погодени куќи и трговски центар.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили кои напредуваат кон главниот град од североисток се запрени, а најголем дел од нив се уште се на 24 километри од центарот на градот.

Во меѓувреме, пријавено истекување на амонијак во хемиска фабрика во североисточниот град Суми, кој исто така е опколен од руските сили. Тамошните власти им кажуваат на луѓето во радиус од 5 километри да си заминат бидејќи гасот е опасен.

Сепак, властите објавиј дек успеале да го запрат истекувањето по два часа.

„Екипите за итни случаи работат на смирување на облакот со амонијак. Нема закана за населението“, објавија на Телеграм.