Продолжуваат истражувањата на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија

DCIM100MEDIADJI_0131.JPG

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Истражувањата се насочени на неолитската населба формирана пред 8 000 години, како и на фазите на овој локалитет во доцната антика и средниот век. Во теренските истражувања се вклучени археолози и студенти од Македонија, Германија, Полска, Словенија и Чешка, а во рамките на проектот се вршат анализи со стручњаци од повеќе институции во Швајцарија, Шпанија, Франција и Србија.

Покрај проучувањето на материјалната култура, архитектурата, стопанството и општествените процеси, истражувањата вклучуваат и примена на геодетското документирање, археоботаниката, археозоологијата, геомагнетното скенирање, дигиталната топографија, геоархеологијата, фотограметријата и 3Д моделирањето, дронската ортофотографија, изотопските, радиокарбон и функционалните анализи, како и оние на липидите.

Овогодишните теренски истражувања на Врбјанска Чука се во соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп и Институтот за старословенска култура.