Продолжуваат аферите околу министерот Адеми – сестра му се вработила во ЕЛЕМ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Не спласнуваат аферите поврзани со името на министерот за култура, Асаф Адеми. Откако пред два дена на јавноста ја потресе и изреволтира скандалозно конципираната програма со поддржани проекти од министерството за култура за 2019 година, сега на површина излезе и информацијата дека сестрата од министерот, како и многу други роднини и блиски луѓе на владејачката каста во Македонија, се вработила во ЕЛЕМ на почетокот од овој месец.

Од ЕЛЕМ за „Телевизија 24“ посочуваат дека месецов се вработени две женски лица во хидроцентралата „Маврово“ во Гостивар.

На 3-ти февруари се склучени договорите. Лицето Хидајете Алили е вработена како референт во правна служба во гостиварската централа.

Министерот Адеми за Телевизија 24 потврди дека името на неговата сестра се совпаѓа со името на вработена во централата, но не знае дали неговата сестра добила работа.

Претходно неговата сопруга доби и средства од Фондот за иновации. Пред тоа, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши доби работа во МЕПСО, а веќе вчера беше обелоденето дека баџанакот на собранискиот спикер Тапат Џафери, стана член на Антикорупциска комисија.