ПРОДОЛЖУВА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО: Македонија ќе се задолжува нови 470 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за финансии Драган Тевдовски кажа дека во Предлог-буџетот за 2018 година е предвидено со задолжување на домашниот и странскиот пазар да се обезбедат околу 470 милиони евра за финасирање на буџетскиот дефицит и за враќање на доспеани обврски што ги направиле претходните влади. Тој додаде дека пресудна за задолжување на странскиот пазар ќе биде каматната стапка.

„Не е исто да се излезе на странски пазар или со еврообврзница која ќе има три, четири и пет проценти или ќе има девет или 10. Ќе донесеме одлука за излегување на странски пазар само ако мислиме дека граѓаните ќе платат ниска цена“, изјави Тевдовски на промоцијата на неговата публикација „Патот напред – Колумни за економскиот раст и социјалната кохезија во Македонија“ на Економскиот факултет во Скопје.

Тевдовски вели дека за следната година е предвидена можност и за странско задолжување, бидејќи, како што кажа, каматните стапки на меѓународните пазари сега се поволни, а очекувањата се дека ќе почне да се зголемуваат.

Извор: СДК.мк