Продолжува топлиот период – сончева и топла среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И денес, среда, 23 октомври, во Македонија ќе имаме сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од источен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 22, Битола 26, Кавадарци 28, Крива Паланка 25, Берово 24, Дојран 30.

Прогнозата и за наредните три дена е сончево и топло со слаб ветер и дневни температури од 21 до 29 степени.