Продолжува тивката „војна“ меѓу Иско и Солари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тврдењата на тренерот на Реал Мадрид, Солари дека нема конфликт помеѓу него и Иско, сепак фактите говорат нешто друго.

Синоќа Иско повторно не беше во стартниот состав против Леганес и покрај фактот што ви тимот ги немаше Бејл и Асенсио поради повреда. Плејмејкерот влезе во игра во второто полувреме, а откако пристигна Солари, тој беше стартер само на два меча.

После натпреварот новинарите го запрашаа Солари за ситуацијата со Иско.

„Имам на располагање 24 фудбалери и работата ми е да изберам кои 11 ќе стартуваат. Тоа воопшто не е лесна задача. Зошто Иско не беше во стартниот тим? Мечот беше многу важен“, одговори Солари.

Самиот фудбалер пак јасно стави до знаење дека не е задоволен од однесувањето на тренерот. Тој стегна „лајк“ на коментар на Твитер кој го напиша еден фан на Реал: „Солари ги пушта Себаљос и Каземиро кои не се во форма. Тој претпичита самиот да влезе во игра, иако се пензионира пред 20 години, отколку да му даде шанса на Иско“.

Договорот на Иско со „кралскиот“ клуб истекува во 2022 година, а се погласни се шпекулациите дека може да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.