Продолжува судењето на Мариглен Демири, Левица тврди: За многумина сме трн во око


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судењето против членот на Левица, Мариглен Демири поради учество на протестите минатата година продолжува денеска, соопшти Левица и порача дека притисоците нема да ја скршат.

Протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжуваат. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против нашите членови Здравко Савески и Владимир Куновски.

Левица претставува трн во окото за многумина. Се применуваат различни методи да се спречи нејзиниот раст, посуптилни и помалку суптилни.

Помеѓу тие методи е и поведувањето на судски процеси против членови на Левица и нивно одолговлекување до недоглед. Но ние порачуваме: нема да потклекнеме, нема да нè скршите! Нашето време доаѓа!, стои во соопштението од партијата.

Демири е обвинет за демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов за време на протестите на Шарена револуцијата минатата година.