Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во кривичниот суд денес на новото рочиште за Насилствата во Собранието од 27. април минатата година, се презентира видео снимката која го прикажува холот пред влезот на прес салата.
Од приложената снимка можеше да се забележи кој се бил дел од толпата која влезе во прес салата, меѓу кои се и поголемиот дел од обвинетите во овој случај.
Еден од обвинетите е и Никола Митровски Кољо, кој непосредно пред да влезе во прес центарот на себе става фантомка, додека претходно е забележан како се поздравува со обезбедувањето на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски.
Потоа, обвинетиот Игор Југ пак, забележан е дека влегува без маска на лицето. Во истиот правец се упатуваат и обвинетите Горанче Ангеловски, Стефан Младеновски, Дејан Давидовски, Митре Питроповски.
По нив влегува поголема група на луѓе, а како што истакна обвинителката, меѓу првите се пробил обвинетиот Вилијам Михајловски кој на останатите со рака им покажува каде да се насочуваат.
Дел од оваа толпа е и обвинетиот Мунир Пепиќ, кој пред да влезе во прес центарот го рагледува теренот и отвара три врати и проверува што има таму. Каде да се движат луѓето од толпата со рака им покажува и собранискиот обезбедувач Ѓошевски.