Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Граничниот премин Евзони на грчко македонската граница и понатаму е блокиран од грчките земјоделци кои штрајкуваат против владината политика за земјоделскиот сектор. И двете страни од преминот се блокирани со неколку десетици возила и не се дозволува никој да ја премине границата.
Засега нема информации до кога ќе трае блокадата и кога земјоделците планираат да дозволат протек на возилата кон Грција или Македонија. Според информациите во Грција, преминот е блокиран од завчера попладне во 16:30 часот, од група земјоделци од Северна Грција. Блокадата е поставена на 200 метри од граничниот премин, но и на споредните патишта што водат кон преминот.
Групата земјоделци кои блокираат на Евзони од вчера попладне се засили со нов број нивни колеги од места од Северна Грција и околу Солун.
Покрај Евзони, блокирани се и различни делови на Солун и автопатот кон Халкидики, како и автопатот Солун за Атина. Земјоделците се обидуваат да го блокираат и граничниот премин Промахонас кон Бугарија.
Се очекува демонстрантите деновиве да разговараат и заеднички да одлучат за следните чекори во протестите против владата.