Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повикувајќи се на последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство соопшти дека за 40% е намелена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август.
„Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска. Во предучилината и училишната возраст најмал е бројот на зазарени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9% во државата се ковид позитивни. По дистрибуција по градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшкослка возраст. Во Куманово, има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст. Штип 2 деца од претшколска возраст се ковид позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација. По 2 заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и 1 е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп. Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6 во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен”, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, од МЗ велат дека нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести.