Продолжува мистеријата Солсбери: Почина Британката која се затру со новичок


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британската полиција соопшти дека починала жената која била изложена на нервниот гас новичок кој бил користен и во труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

44-годишната Дон Старџис, за која британските власти велат дека се затру од нервниот отров новичок, вчера починала во болница. Полицијата започна истрага за убиство.

Лекарите наведоа дека и нејзиниот партнер Чарлс Роули, кој исто така е хоспитализиран во тешка состојба, нема да се извлече.

Двајцата беа пронајдени во бессознание во близина на градот Солсбери, каде порано годинава беа затруени рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои ја преживеаа изложеноста на бојниот отров. По нивното труење, специјални британски екипи ја прочешлаа областа на Солсбери барајќи по предмети кои може да се прекриени со бојниот отров. Се претпоставува дека Старџис и Роули наишле на таков предмет.

Старџис е мајка на три деца, која била зависничка од дрога и алкохол. Според британските медиуми, се претпоставува дека таа и Роули наишле на игла која се уште содржела траги на отровот.

Британија ја обвини Русија за намерно труење на Скрипал и поведе меѓународна дипломатска кампања против Русите. Москва ги отфрли обвинувањата, а за новите две труења руските власти обвинија дека се работи за подметнување, со цел да се наруши текот на светското фудбалско првенство.