Продолжи пописот на населението во Македонија – попишани над 300.000 граѓани


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од Државниот завод за статистика соопштуваат дека попишувањето на населението, домовите и имотот продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, три дена откако оттаму рекоа дека се соочуваат со помали технички предизвици и прават технички усогласувања. Од ДЗС додаваат дека вчера до 20 часот се попишани 308.551 лице.

„Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера беа попишани 114 308 лица“, соопштија од ДЗС.

Од ДЗС апелираат граѓаните да ги примат попишувачите во своите домови со доверба и почит и да ги дадат потребните податоци.