Филм / ТВ

Продолжение на мистериозниот хорор од минатата година „Happy Death Day“

Мистериозната филмска хорор приказна „Happy Death Day 2U“ е продолжение на филмот од 2017 година кој собра одлични критики од публиката. Новото хорор дело го доби и својот прв трејлер.

За новото остварување на режисерот и сценарист Кристофер Лендон не се знае многу. Во описот на филмот само стои дека ова е продолжение на првиот филм со наслов „Happy Death Day“, чија режија исто така ја потпиша Лендон.

Во првиот филм една студентка одново го проживува денот на својата смрт со сите неочекувани детали и ужасниот крај, сè додека не го открие идентитетот на својот убиец.

Во „Happy Death Day 2U“ ќе ги гледаме Џесика Рот, Израел Брусар, Фи Ву, Сара Јаркин, Руби Модин и многу други. Хоророт премиерно ќе биде прикажан на 14 февруари идната година во САД, а неколку дена после тоа тргнува и на светска промотивна проекција.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top