Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На денешната владина седница беше донесена одлука за зголемено траење на полицискиот час во претстојниот продолжен викенд.
Владата донесе одлука полицискиот час за викендот и неработниот понеделник да трае од недела од 11 часот до вторник наутро во 05 часот.
ИВЗ и многу верници од муслиманска вероисповед веќе се изјаснија дека нема да го почитуваат полицискиот час во недела попладне кога е време за нивната молитва по повод празникот Рмазан Бајрам.
Предлогот на Венко Филипче и неговата Комисија беше полицискиот час да трае 58 часа и да започен од сабота.
„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 5 часот“, велат од Владата.
Утре забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот.