Advertisements
Актуелно

Продолжен викенд и празници во Август!

Август заслужено го носи епитетот месец на одмор.

Согласно законот за празниците следниот петок 2 Август, Илинден, Денот на Републиката е неработен за сите граѓани.

Така, граѓаните на Македонија ќе уживаат во споен викенд кој сигурно ќе го искористат да уживаат на некои од нашите туристички места или во околните земји.

Во август следни неработни денови се Успение на Пресвета Богородица или 28-ми август кој е неработен за граѓаните од православна исповед и 11-ти август Курбан Бајрам кој е неработен за граѓаните со муслиманска вероисповест.

Advertisements
To Top