Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бојан Јовановски останува во притвор откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена. Јовановски веќе два месеци е во притвор во истражниот затвор „Скопје“.
Јовановски, заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“. Според истрагата, наводно бизнисменот Орце Камчев на Боки 13 и на Кичеец им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“, во кој Камчев ја има улогата на осомничен, а според обвинителството и Јанева била дел од пазарот.