Продавница стара 2.000 години – прочитајте за што станува збор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


При ископувањата во античкиот град Аспендос, во близина на Анталија, археолози открија простории стари над 2.000 години, за кои се претпоставува дека биле користени како магацини или продавници.

Античкиот Аспендос, чиј театар и другите згради привлекуваат голем број туристи, секојдневно им прередува нови изненадувања на археолозите.

Теренските археолошки истражувања во областа на античкиот Аспендос почнаа во 2008 година, а од 2014 година со одлука на турската Влада, започнаа и ископувања, кои се уште се извршуваат.

Оваа година археолозите се фокусирале на делот од градот во близина на градскиот плоштад, каде се претпоставува дека имало трговски комплекс.

При ископувањата во оваа област, исто така, се откриени и големи количини на фалсификувани монети од хеленистичките и римските периоди.

Во една од просториите се откриени и делови од стаклени садови кои најверојатно се користеле за чување на масла или парфеми, како и свеќници, токи за колани, накит, нокти, прстени, скапоцени камења за прстени и многу други предмети.

Археолозите сметаат дека трговскиот комплекс, каде се пронајдени и двоспратни градби, укажува на тоа дека градот бил важен трговски центар.